Бугарија ќе одржи предвремени парламентарни избори на 19 април, објави во среда претседателката Илијана Јотова.
Минатата недела Јотова го избра Андреј Ѓуров, заменик-гувернер на Бугарската народна банка, да ја предводи привремената влада задолжена да го подготви патот за предвремени парламентарни избори.
Поддржете го ВРЕМЕЗачувај ја вистината.
Професионалното новинарство е во јавен интерес. Вашата поддршка му помага да остане независно и кредибилно. Придонесете и вие. 1 евро прави разлика.
Писмо до читателот — Зошто бараме ваша поддршка ПридонесетеОва се осми избори одржани за само пет години во земјата членка на ЕУ и НАТО.
Претходната влада поднесе оставка по неколку недели улични протести поради нејзините економски политики и неуспехот во борбата против корупцијата.
„Ќе издадам декрет за одржување избори на 19 април“, рече Јотова на прес-конференција во среда, по средбата со Ѓуров, кој ги претстави членовите на неговата привремена влада.
Бугарија, која се приклучи на еврозоната на 1 јануари, се соочува со продолжена политичка нестабилност, при што партиите не се во можност да формираат стабилни владини коалиции.