Научниците долго време предупредуваат за ризикот од нова пандемија. Истражувачки објект на Владата на Обединетото Кралство се фокусира на развој на вакцини за сè уште непознатата „Болест Х“.
Додека ефектите од пандемијата COVID-19 сè уште се видливи низ целиот свет, научниците од Агенцијата за здравствена безбедност на Обединетото Кралство (UKHSA) започнаа со подготовките за следната пандемија, пренесува агенцијата АП.
Тие ја нарекуваат „Болест Х“, сè уште непознат патоген кој можеби еволуирал од голем број животински вируси кои имаат способност да заразат луѓе.
Повеќе од 200 научници од владиниот високобезбедносен лабораториски комплекс работат на развој на вакцини.
Целта на ова истражување, дел од глобалниот напор, е да се постигне создавање на вакцина во рок од 100 дена од откривањето на новиот вирус со потенцијал да се развие во пандемија.
На овој начин се прават подготовки за ублажување и лекување на евентуални нови појава на вируси.
Научниците ги користат сите податоци и истражувања за различни високоризични патогени, вклучувајќи го и птичјиот грип, бидејќи во моментов се смета дека е меѓу најголемите шанси за ширење на глобално ниво.
-
Што е „болест Х“ и зошто ги загрижува експертите
-
Оксфорд започнува првото испитување на вакцина против варијантата Бундибугио на ебола
-
Првата вакцина во светот дизајнирана од вештачка интелигенција
-
Развиена е нова вакцина против маларија со голем потенцијал
-
Три вакцини за ебола во развој поради растечките стравувања од ширење на епидемијата