Американскиот претседател Џо Бајден оцени дека прекинот на огнот во Газа е неопходен бидејќи ситуацијата ќе стане „многу опасна“ доколку борбите продолжат за време на светиот муслимански месец Рамазан, кој започнува на 11 март.
„Тоа е во рацете на Хамас“, рече Бајден во краткиот говор пред новинарите на прашањето за прекинот на огнот.
Бајден додаде дека Израелците соработуваат и дека на маса е „разумен“ предлог да се дозволи ослободување на заложниците во замена за прекин на огнот.
Разговорите одржани во Каиро за прекин на огнот беа прекинати без резултат, но делегацијата на Хамас најави дека ќе остане уште еден ден на барање на преговарачите.
Остануваат само уште неколку дена до завршување на непријателствата пред почетокот на Рамазан.
Американскиот претседател повтори дека поголема помош треба да оди за Газа, која е погодена од сериозна хуманитарна криза.
-
Бајден стравува од насилство во Источен Ерусалим за време на Рамазан
-
Бајден ги дава деталите за договорот за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас
-
Бајден: САД ќе ги обноват напорите за прекин на огнот во Газа
-
Не го поткопувајте договорот за прекин на огнот во Газа, предупредува Бајден
-
Бајден вели дека нема договор за прекин на огнот во Газа во блиска иднина