Американскиот претседател Џо Бајден изрази уверување дека ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин во текот на месец јуни на самитите на Г7 и НАТО.
На прес-конференцијата одржана во петокот, Бајден рече дека двете земји се уште не одредиле датум или место за средба, но работат на тоа.
Во текот на месец април, администрацијата на Бајден ја удри Русија со санкции, поради мешање во претседателските избори во 2020 година и за сајбер напади врз федералните агенции.
И покрај тоа што воведе санкции, Бајден повика на смирување на тензиите меѓу земјите и ја остави отворена можноста за соработка со Русија за некои прашања. Администрацијата има намера средбата лице в лице меѓу двајцата претседатели да помогне да се постигне оваа цел.