Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен во саботата рече дека европските компании потпишуваат договори во вредност од повеќе од 40 милијарди евра со египетски компании, кои покриваат широк опсег на индустрии.
Фон дер Лејен зборуваше на Инвестициската конференција ЕУ-Египет во Каиро, каде што разговараше и со египетскиот претседател Абдел-Фатах ел-Сиси.
„На оваа конференција европските компании потпишуваат над 20 нови договори со египетски партнери кои изнесуваат над 40 милијарди евра. Имаме компании во сектори кои се движат од водород до управување со вода, од градежништво до хемикалии, од транспорт до авијација и автомобили“, рече таа.
Фон дер Лајен, исто така, ги бранеше инвестициите во зелената енергија и дигиталната обука, истакнувајќи ја „амбициозната цел на Египет да стане центар за чиста енергија“, пренесува АП.
Дводневната конференција е дел од Стратешкото и сеопфатно партнерство Египет-ЕУ договорено од фон дер Лајен и ел-Сиси во март.
Договорот ги опфаќа политичките односи, економската стабилност, инвестициите и трговијата, како и прашањата за миграцијата и безбедноста.