Земјите од Европската унија официјално го одобрија почетокот на преговорите за членство со Украина и Молдавија следната недела, што е уште еден чекор во долгиот пат на двете земји да се приклучат на блокот.
Белгија, која претседава со ЕУ, рече дека земјите-членки се договориле за преговарачка рамка, пренесе АП.
„Ова го отвора патот за почеток на преговорите во вторник на 25 јуни во Луксембург.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ова го нарече „историски чекор“.
„Милиони Украинци и генерации наши луѓе го остваруваат својот европски сон. Украина се враќа во Европа, каде што има свое место со векови, како полноправна членка на европската заедница“, напиша тој во X.
Лидерите на Европската унија минатата година се согласија да започнат пристапни преговори со двете земји.
Процесот помеѓу почетокот на преговорите со Украина и Молдавија и нивното членство во ЕУ може да потрае многу години.