KOHA.net

СВЕТОТ

Баербок се противи на изјавата на Трамп за Украина

Аналена Баербок

Фото: АП

Германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок во средата ја отфрли изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп, во која тој суштински ја обвини Украина за започнување на војната со Русија во 2022 година. 

„Никој освен Путин не ја започна ниту сакаше оваа војна во срцето на Европа“, изјави Баербок., пренесува The Guardian.

Таа додаде дека европскиот блок „со сите сили работи на зајакнување на Украина“. 

Американскиот претседател ја обвини Украина, по реакцијата на нејзиниот претседател Володимир Зеленски, кој изрази изненадување што неговата земја не е поканета на мировните преговори во Саудиска Арабија што започнаа во вторникот меѓу САД и Русија.  

„Многу сум разочаран. Слушнав дека, знаете, тие се вознемирени што немаат место. Па, тие имаат место веќе три години и долго време пред тоа. „Ова можеше да се реши многу лесно... пред години, без да се изгуби многу земја, без да се изгубат животи и без да се изгубат градови“, изјави Трамп.