Двајца осомничени екстремисти беа уапсени во средата во Австрија, од кои едниот се чини дека планирал напад на настан во Виена. Меѓу ваквите настани се и концертите на Тејлор Свифт.
Главниот осомничен, 19, е уапсен во Терниц, а вториот во главниот град на Австрија.
Франц Руф, директорот за безбедност во австриското Министерство за внатрешни работи, рече дека властите се свесни дека се подготвуваат акции за можен напад и дека еден од фокусот е на концертите на Свифт во Виена, објави Си-Ен-Ен.
Руф нагласи дека 19-годишникот објавил заклетва за верност кон групата Исламска држава на Интернет.
Свифт има закажан концерт за четврток, петок и уште еден во сабота. Зголемени се безбедносните мерки за концертите. Руф нагласи дека посебно внимание ќе се посвети на влезовите.
Концертите на Тејлор Свифт се откажани поради сомнителниот терористички напад во Виена
Трите концерти на Тејлор Свифт во Виена се откажани по заканите за напади.
Тие би се одржале во четврток, петок и сабота на стадионот „Ернст Хапел“.
Во средата две лица беа уапсени под сомнение дека планирале напади на големи настани во австриската престолнина, објави Би-Би-Си.
„По потврдата од владините претставници за планираниот терористички напад на стадионот „Ернст Хапел“, немаме друг избор освен да ги откажеме трите закажани претстави за сечија безбедност“, се вели во соопштението на организаторите.