Лидерите на Белорусија и Иран во среда потпишаа нови договори за зајакнување на билатералните односи во клучните области, вклучително и одбраната.
Претседателите Александар Лукашенко и Масуд Пезешкијан потпишаа пакет од 13 документи во Минск.
Двете влади се под санкции што ги ограничуваат нивните потенцијални трговски партнери. Пежешкијан рече дека Иран ќе ѝ помогне на Белорусија да ги „неутрализира“ таквите мерки, наведувајќи го децениското искуство на Техеран во спротивставувањето на економските ограничувања наметнати од Западот.
Лукашенко му рече на Пежешкијан дека Белорусија е „подготвена да соработува со вас по сите теми - од снабдување со храна до воена соработка“.
Тие не дадоа детали за тоа што значи соработка во областа на одбраната.
Лукашенко, близок сојузник на рускиот претседател, ѝ дозволи на Русија да ја користи белоруската територија како лансирна рампа за целосна инвазија на Украина. Иран ѝ испорачуваше на Русија беспилотни летала за време на војната.
-
Путин се среќава со иранскиот претседател, потпишува договор во областа на одбраната
-
Зеленски вели дека 20 земји бараат договори за дронови со Украина
-
Зеленски го поздрави примирјето меѓу САД и Иран, вели дека е подготвен за примирје со Русија
-
Украина и Обединетите Арапски Емирати постигнаа договор за соработка
-
Лукашенко објави договор со САД