„Европските влади се соучесници во систематското, нелегално и често насилно враќање на илјадници баратели на азил од страна на хрватската полиција, како и нивната колективна депортација во сиромашните и небезбедни бегалски кампови во Босна“, пишува во својот најнов извештај. заштитата на човековите права, „Амнести интернешенел“.
Извештајот, објавен во средата, опишува како европските влади - кои им даваат приоритет на граничните контроли пред усогласеноста со меѓународното право - не само што замижуваат пред нападите на хрватската полиција врз мигрантите, туку и ги финансираат нивните активности.
Така, тие ја влошија тешката хуманитарна криза на периферијата на Европската унија, пренесува Коха.нет.
„За да ги разберете приоритетите на европските влади, треба само да ги следите парите. Нивните финансиски придонеси за хуманитарна помош се значително помали од средствата обезбедени за граничната безбедност, вклучително и опремата на хрватската гранична полиција“, изјави Масимо Морати, директор за истражување во европската канцеларија на Амнести интернешенел.
-
Соработка во тишина за протерување на бегалците од ЕУ
-
Насилство врз бегалците во Хрватска, ЕУ замижува
-
Извештај на АИ за Косово: Насилство врз основа на пол и напади врз новинари меѓу клучните неуспеси
-
Нападнати и ограбени: Бегалци раскажуваат за злоупотреби на границата меѓу Босна и Хрватска
-
Нерегуларните премини на мигранти во Европа паднаа за 30 отсто