58 Палестинци се убиени како резултат на израелските воздушни напади што се случија во средата навечер и во раните утрински часови во четвртокот, според извештаите од три болници, соопшти палестинското Министерство за здравство. новинската агенција „АП“.
Израелските напади врз Газа започнаа во вторникот, откако милитантната група Хамас, поддржана од Иран, ги отфрли мировните предлози од САД и другите посредници и одби да ослободи 59 израелски заложници, од кои 35 се верува дека се мртви.
Во последните денови Израел започна и воена копнена операција во Газа, со цел уништување на позициите на Хамас.