Полицијата во Нов Зеланд се обидува да пронајде бонбони кои содржат „потенцијално смртоносни нивоа на метамфетамин“ откако биле дистрибуирани од добротворна организација во Окленд, јавува Би-Би-Си.
До 400 луѓе можеби ги добиле слатките од мисијата на градот Окленд како дел од пакет со храна, соопшти добротворната организација.
Бонбоните се донирани анонимно од член на јавноста во запечатено мало пакување, соопшти организацијата.
Најмалку три лица, меѓу кои и едно дете, побарале лекарска помош откако ја конзумирале бонбоната, но никој моментално не е во болница.
„Не знаевме дека бонбоните содржат метамфетамин кога беа дистрибуирани“, изјави портпаролот на добротворната организација за Би-Би-Си.
Секоја бонбона може да има пазарна вредност од околу 1000 новозеландски долари (околу 600 американски долари), наводно изјавила NZ Drug Foundation, невладина организација која работи на намалување или спречување на штетата од дрогата.
Од полицијата велат дека инцидентот е можеби случаен, а не целна операција и додаваат дека во моментов не можат да извлечат заклучоци бидејќи „се уште е рано“.
Добротворната организација ги предупредила властите во вторникот откако била контактирана од лице кое ја конзумирало бонбоната велејќи дека има „чуден вкус“.
Хелен Робинсон, извршен директор на мисијата во градот Окленд, рече дека некои од вработените сами ги пробале шеќерите и се согласиле со жалбите и почнале да се „чуствуваат чудно“ потоа.
Тие потоа ги испратија шеќерите до Фондацијата за лекови во НЗ. Тестирањето на оваа организација потврдило потенцијално смртоносно ниво на метамфетамин.
Во соопштението, организацијата рече дека пронашле околу 3 грама метамфетамин во секоја од бонбоните што ги тестирале.
Полицијата ги замолила лицата кои ги имаат завитканите шеќери во жолта амбалажа од брендот „Ринда“ со вкус на ананас веднаш да се јават.
„Од витално значење е јавноста да биде свесна за овие бонбони и за опасноста што тие ја претставуваат“, рече детективот Глен Болдви на прес-конференција во средата.
ВИДЕО: