Огромните поплави ги принудија луѓето раселени поради граѓанската војна во Судан повторно да се преселат, додавајќи дополнително страдање на маките на семејствата веќе исцрпени од конфликтот.
Семејствата кои живееле во училиште во источната провинција Касала беа погодени од поплавите.
Агенцијата за бегалци на Обединетите нации, UNCHR обезбеди шатори за итни случаи и ги пресели семејствата, нагласувајќи дека потребата од помош е голема.
Според неа, досега се раселени најмалку 200 семејства, пренесува АП.
Повеќе од 11 илјади луѓе, вклучително и бегалци и локални заедници во Касала, беа погодени од поплави и обилни дождови во последните две недели. Во наредните денови се најавуваат уште невреме.
Голем дел од земјата е вовлечен во хуманитарна криза откако пред повеќе од една година започнаа борбите меѓу армијата и моќната паравоена група, Силите за брза поддршка или РСФ.
Бихенге Малаика Баликвиша, шеф на канцеларијата на УНЦХР во Касала, ја опиша последната поплава како „криза по криза“.
Според УНХЦР, повеќе од 10 милиони луѓе неколкупати биле принудени да ги напуштат своите домови и во земјата и преку нејзините граници.