Се поголем број високи демократски политичари ја поддржуваат потпретседателката Камала Харис да стане претседателски кандидат на партијата на изборите на 5 ноември, откако Бајден се повлече од трката.
Бајден ја објави својата одлука за повлекување во неделата навечер, по зголемените повици меѓу демократите за негово заминување по дебатата што ја имаше на Си-Ен-Ен со неговиот републикански противник Доналд Трамп, јавува Би-Би-Си.
Тој сега ја поддржува Харис, која рече дека има намера да победи.
Исто така, наводно има зголемување на јавните донации за демократите откако Бајден го објави своето повлекување.
ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО: