ФИФА Евро 2024 KOHA.net

СВЕТОТ

Маск изразува желба да ја води дебатата Бајден-Трамп

Елон Musk

Американскиот милијардер Илон Маск изрази подготвеност да ја води изборната дебата на американските претседателски кандидати.

Се очекува дебатата да се одржи меѓу актуелниот претседател Џо Бајден и поранешниот американски претседател Доналд Трамп, со учество на независниот кандидат Роберт Кенеди Џуниор.

„Се разбира“, напиша Маск на својот профил на социјалната мрежа „Икс“, одговарајќи на прашањето на Кенеди дали тој би ја модерирал дебатата.

Маск смета дека во предизборните дебати треба да учествува независниот претседателски кандидат на изборите во САД, Роберт Кенеди Џуниор.

Бајден и Трамп се договорија да одржат две телевизиски претседателски дебати на 27 јуни и 10 септември.

Претседателските избори во САД ќе се одржат на 5 ноември 2024 година.

Се очекува дека главните ривали ќе бидат демократот Бајден и републиканецот Трамп.