Еден патник го загуби животот, а повеќе од 30 други се повредени за време на летот на авиокомпанијата „Сингапур ерлајнс“, која патувала од Лондон за Сингапур, како последица на силни турбуленции.
Жртвата е 73-годишен маж од Велика Британија.
Би-би-си јави дека мажот починал како последица на срцев удар.
Седум лица се тешко повредени, меѓу кои и сопругата на жртвата, кои се згрижени во болница.
Авионот „Боинг 777-300ЕР“, кој летал за Сингапур, принудно слетал во Бангкок.
Во авионот имало вкупно 211 патници и 18 членови на екипажот, се вели во соопштението на авиокомпанијата.
„Сингапур ерлајнс“ изрази сочувство до семејството на починатиот.
ВИДЕО:
🔴 SUIVI - #Тајланд : Une source thailandaise indique qu'une des 30 personnes blessées à bord du vol SQ 321 de Singapore Airlines во потеклото #Лондон, кој принудно слетал на аеродромот #Суварнабхуми de #Бангкок, е починат во болницата во Тајланд… pic.twitter.com/N0nI91HfcW
— FranceNews24 (@FranceNews24) Може 21, 2024
ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО: