KOHA.net

СВЕТОТ

Состојбата на Фицо е сè уште сериозна, велат претставници на словачката влада

Роберт Калинак

Роберт Калинак

Фото: Асошиетед прес

Состојбата на премиерот на Словачка Роберт Фицо и во саботата е сериозна, но стабилна, додека пред судот се појави осомничениот за нападот врз него.

Двочасовната операција во петокот за отстранување на мртвото ткиво од повеќекратните рани на Фицо доведе до добра прогноза за неговото закрепнување, но тој сè уште не е доволно добро за да биде префрлен во болница во главниот град, изјавија министрите на владата на Братислава на прес-конференција во саботата Универзитетската болница ФД Рузвелт во Банска Бистрица, каде Фицо беше пренесен со хеликоптер веднаш по пукањето.

„Деновиве во Банска Бистрица се случија неколку чуда од рацете на лекарите, медицинските сестри и персоналот во болницата Рузвелт“, изјави словачкиот министер за одбрана Роберт Калинак.

Фицо (59) беше нападнат додека се поздравуваше со приврзаниците по владиниот состанок во средата во градот Хандлова. Осомничениот бил уапсен веднаш по нападот.

Ажурирањето за состојбата на Фицо беше направено во моментот кога осомничениот, сè уште неидентификуван по барање на обвинителството, беше изнесен пред судот.

Обвинителите побараа наредба од Специјализираниот кривичен суд на Словачка за приведување на осомничениот.

Обвинителите и рекоа на полицијата да не го идентификува човекот или да објавува други детали за случајот, но непотврдените извештаи од словачките медиуми велат дека 71-годишниот е познат како поет аматер кој работел како чувар во трговски центар на југозапад државата.

Во меѓувреме, владини претставници изјавија дека осомничениот не припаѓа на ниту една политичка групација, иако, како што рекоа, нападот бил политички мотивиран.

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО: