ФИФА Евро 2024 KOHA.net

Ракети со долг дострел

Кремљ е убеден дека ракетите што САД ги испратија во Украина нема да ја променат ситуацијата

ATACMS

ATACMS

Фото: Асошиетед прес

Кремљ во четвртокот соопшти дека испораката на балистички ракети со долг дострел од страна на САД на Украина нема да ја промени ситуацијата во војната.

Наместо тоа, според Кремљ, тоа ќе предизвика повеќе проблеми за самата Украина, пренесува Ројтерс.

Соединетите Американски Држави тајно испратија проектили со долг дострел во Украина во последниве недели, и оттогаш тие се користени двапати, изјави американски официјален претставник во средата.

Армиските тактички ракетни системи (ATACMS), кои имаат дострел до 300 км, беа употребени за прв пат на 17 април против аеродромот на Крим, кој беше на околу 165 километри од линиите на тронот во Украина. 

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави за новинарите дека САД се директно вклучени во овој конфликт. 

„Ова нема да го промени исходот од нашата воена операција. Ќе ги постигнеме нашите цели. Но, тоа ќе предизвика повеќе проблеми за Украина“, рече Песков.

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО: