ФИФА Евро 2024 KOHA.net

СВЕТОТ

Аеродромот во Базел е евакуиран, сомнежи за бомба

Аеродром Базел

Аеродромот во Базел беше евакуиран во средата вечерта. Како што пренесува медиумот Блик, причините се уште остануваат нејасни.

Евакуацијата и затворањето беше објавено и преку оглас на веб-страницата на аеродромот.

„Од безбедносни причини, терминалот мораше да биде евакуиран и во моментов е затворен“, се вели на веб-страницата на аеродромот.

Се уште не се знае со сигурност дали станува збор за закана за бомба, но се известува дека хеликоптери постојано кружат низ аеродромот, изјавија за медиумот „20 минути“ неколку очевидци.

Истиот аеродром претходно се соочуваше со закани за бомби. Последен пат е на 18 март.