ФИФА Евро 2024 KOHA.net

СВЕТОТ

Германија уапси осомничен кинески шпион

Знамето на Кина

Германските власти уапсија човек кој работел за екстремно десничарски политичар, осомничен дека е шпион на Кина, јавува Би-Би-Си.

Тие го идентификуваа осомничениот како Џијан Г (43), именуван од германските медиуми како помошник на пратеникот на Алтернатива за Германија (АфД) и кандидат за европски избори Максимилијан Кра.

Обвинителите објавија дека тој е уапсен во источниот град Дрезден. Тие тврдат дека тој им предал информации за Европскиот парламент на кинеското разузнавање.

Портпаролот на АфД изјави дека извештаите за апсењето на еден од вработените во Крах под сомнение за шпионажа се многу вознемирувачки и дека очекуваат дополнителни истраги од јавниот обвинител.

„Ако се потврди дека некој шпионирал за Кина, тоа е напад одвнатре врз европската демократија“, изјави министерката за внатрешни работи Ненси Фезер.

Обвинителите рекоа дека Џијан Г работел од 2019 година за член на Европскиот парламент. Тие не го спомнаа името на Максимилијан Кра, кој е главен кандидат на АфД на европските избори што се одржуваат во 27-те земји-членки на ЕУ од 6 до 9 јуни.

Апсењето на осомничениот Џијан Г доаѓа еден ден откако двајца мажи и една жена беа уапсени под сомнение дека шпионирале за Кина, давајќи ѝ информации за воената технологија.
Кинеското Министерство за надворешни работи го отфрли апсењето и го опиша како шпекулација создадена „за да се оцрни и угнетува Кина“.

Осомничениот за шпионажа Џијан Г се очекува да се појави на суд подоцна во вторник.