KOHA.net

СВЕТОТ

Бунт во Малезија поради чорапите „Алах“.

Малајзи

Три продавници на фирма која продавала чорапи со зборот „Алах“ во Малезија, изминатава недела биле мета на молотови коктели, што е редок случај на насилство. 

Трите напади на продавниците се случиле во различни денови. 

Повредени нема, додека случаите се истражуваат. 

Нападите се случија откако на интернет беа споделени слики од чорапи со натпис „Алах“ во една од продавниците, што предизвика бурни реакции кај муслиманите кои сметаа дека употребата на зборот поврзан со стапалата е навреда. 

Муслиманите сочинуваат 2/3 од населението во Малезија, објави Гардијан. 

Чаи Ки Кан, директор на синџирот продавници „КК Супер Март“ и неговата сопруга беа обвинети за повреда на верските чувства. Тие можат да бидат осудени на една година затвор, или парична казна. 

Чаи Ки Кан рекол дека на полиците имало само 14 пара чорапи со натпис „Алах“ и го обвини добавувачот, кого го тужи.