KOHA.net

Трагедија во Турција

Пожар во зграда во Истанбул, најмалку 29 загинати

Пожар во Турција

Најмалку 29 загинати

Фото: Асошиетед прес

Најмалку 29 лица загинаа како последица на пожар што избувна за време на реновирање на ноќен клуб во Истанбул, Турција, објавија во вторник државните медиуми.

Осум други лица се повредени, од кои седум се во тешка состојба, соопшти кабинетот на гувернерот на Истанбул, пренесе Си-Ен-Ен.

Според канцеларијата, пожарот започнал во регионот Бескиташ, во центарот на Истанбул, во европскиот дел на градот и дека сите жртви се градежни работници.

Пожарот избувнал при реновирање во зградата, која се наоѓа под земја, според Anadolu, турската државна новинска агенција.

Властите соопштија дека издале налози за апсење на пет лица, вклучително и три лица кои раководеле со ноќниот клуб и уште едно одговорно за реновирањето.