Најмалку 30 лица загинаа, а десетици се повредени во силна експлозија во петокот во шиитска муслиманска џамија во северозападниот пакистански град Пешавар, соопшти полицијата.
„Во вонредна состојба сме и повредените се препратени во болница. Ја истражуваме природата на експлозијата, но изгледаше како самоубиствен напад“, изјави полицаецот Мохамад Саџад Кан.
Експлозијата се случила во џамија во Пешавар, Коча Рисалдар, објави весникот Даен.
Меѓу убиените е и полициски службеник.
Слични статии
-
28 загинати во експлозија во џамија во Пакистан
-
Четворица уапсени за самоубиствениот напад во Исламабад
-
Самоубиствен напад врз џамија во Пакистан, десетици мртви
-
Најмалку 50 загинати и десетици повредени во експлозија во Пакистан
-
Најмалку 35 загинати во Пакистан по експлозија на политички митинг на исламисти