Најмалку 28 лица загинаа во експлозија во џамија во пакистанскиот град Пешавар.
Експлозијата се случила кога џамијата била преполна со верници, а повеќе од 150 луѓе биле повредени.
Дел од зградата е уништен, а властите велат дека луѓето се заробени под урнатините. Неколку други се испратени во локалните болници, пишува Би-Би-Си.
Причината за експлозијата е нејасна. Премиерот Шебаз Шариф остро го осуди нападот.
Во изјавата, Шариф рече дека оние кои стојат зад инцидентот „немаат никаква врска со исламот“.
Тој додаде: „Целата нација стои обединета против заканата од тероризам“.
Експлозијата се случи за време на попладневната молитва во северозападниот град, во близина на границата на земјата со Авганистан.
исто така
30 загинати во експлозија во џамија во Пакистан
Мухамед Асим, портпарол на болницата Лејди Ридинг, изјави дека некои од повредените се во критична состојба.
„Се работи за вонредна состојба“, додаде Асим.
Локалните медиуми јавуваат дека полицијата, војската и одредите за деактивирање бомби се на местото на настанот.