Најмалку 24 лица загинаа, а 40 други се повредени по експлозија на бомба на железничка станица во Пакистан.
Целта бил „воен персонал“, соопшти полицијата.
Пакистан се соочува со зголемени напади на сепаратистичките милитанти на југот и северозападот на земјата.
„Досега 44 лица се донесени во болница“, изјавија од болницата за Ројтерс.
Се чини дека експлозијата била предизвикана од бомба-самоубиец, но ниту една група сè уште не ја презела одговорноста.