Најмалку 24 лица загинаа, а пет други се повредени при превртување на автобус во централно Мексико по судир со приколка што се откачила од камион кој превезувал пченка.
Несреќата се случила на полноќ во петокот додека автобусот заминувал од западната мексиканска држава Најарит кон Сиудад Хуарез во северно Мексико.
Поддржете го ВРЕМЕЗачувај ја вистината.
Професионалното новинарство е во јавен интерес. Вашата поддршка му помага да остане независно и кредибилно. Придонесете и вие. 1 евро прави разлика.
Писмо до читателот — Зошто бараме ваша поддршка ПридонесетеПовредените се згрижени во болница во Закатекас, пренесува АП.
Хуан Манрикез Морено, координатор на Националната гарда во Закатекас, во видео изјава споделена на социјалните мрежи рече дека приколката на камионот се скинала на автопат.
Патнички автобус се судрил со приколката и се превртел на десната страна.