Бројот на нови случаи на Ковид-19 во Северна Македонија повторно бележи значителен пораст во последните 24 часа.
На национално ниво, од извршени 4.713 тестови, регистрирани се 219 нови случаи на Ковид-19, од кои 65 само во Тетово и Скопје.
Во меѓувреме, Институтот за јавно здравје соопшти дека оздравени се 30 пациенти, пишува Алсат.
Како резултат на зараза со коронавирусот, во рок од 24 часа починале четворица пациенти, двајца од Скопје, а една жртва во Тетово и Кичево. Од почетокот на пандемијата досега се регистрирани вкупно 156.926 случаи, од кои оздравеле 150.470, а починале 5.501. Во моментов има 955 активни случаи на корона вирус.