Најмалку 19 лица се убиени во израелски напад врз куќа во која се сместени раселени лица во северниот дел на Појасот Газа, соопштија во средата палестинските медицински претставници.
Болницата Камал Адван соопшти дека ги примила телата по нападот во текот на ноќта во градот Беит Лахија, пренесува АП.
Болничките досиеја покажуваат дека меѓу убиените има осумчлено семејство, вклучувајќи четири деца, нивните родители и двајца баби и дедовци.
Нема изјава од израелската војска, која од почетокот на октомври започна обновена офанзива против милитантите на Хамас во северниот дел на Газа.
Во друг напад на бегалскиот камп Нусејрат во центарот на Газа загинаа најмалку седум лица, според болницата Ал Ада. Податоците покажуваат дека меѓу загинатите има две деца, нивните родители и тројца роднини.
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен оваа недела ќе се врати на Блискиот Исток во неговата 12-та посета од избувнувањето на војната меѓу Израел и Хамас минатата година, но прва по соборувањето на Асад во Сирија.