KOHA.net

СВЕТОТ

10 рудари исчезнаа по потреси во рудникот во Полска

Властите за ископ на јаглен во Полска во саботата соопштија дека контактот со 10 рудари е изгубен по подземниот потрес и испуштањето гас метан во рудникот Боринија-Зофиовака на југот на земјата, пренесе АП.

Инцидентот во саботата наутро се случил на околу 900 метри под земја. Тоа беше втор инцидент за само четири дена во регионот за ископ на јаглен околу градот Јастржебие-Здрој, во близина на границата со Чешка.

Повторените експлозии на метан од средата во блискиот рудник Пњовек оставија пет мртви, седум исчезнати и десетици повредени.

Компанијата JSW соопшти дека 52 работници биле во зоната на земјотресот во рудникот Боринија-Зофиовска и 42 од нив можеле сами да се евакуираат. Започна акцијата за спасување на 10-те исчезнати рудари.