Кошаркарскиот клуб Сигал Приштина објави продолжување на договорот со организаторот на играта Дон Полошка.
Минатата сезона, Полошка имаше просек од 3.7 поени и 2.7 асистенции по натпревар.
Приштина се подготвува за поконкурентна сезона. Во последните денови го објави трансферот на Дион Шеќири, Аџири Огемуно-Џонсон, Малколм Армстед и Брајсон Докинс.
„Бело-сините“ во новото издание ќе ги предводи хрватскиот тренер Јеронимо Сарин.