Шаи Гилгеус-Александер беше одличен во победата на Оклахома Сити Тандер над Кливленд Кавалирс.
26-годишниот фудбалер постигна 40 поени за 29 минути игра, во победата од 134:114 во Пејком центарот во Оклахома Сити.
На Канаѓанецот во победата му помогна и Лугуенц Дорт, кој постигна 22 поени, додека Џејлен Вилијамс додаде уште 19 поени.
Двата тима водат во Источната и Западната конференција и имаат 34 победи и шест порази.
На следниот натпревар одржан во четвртокот по полноќ, Сакраменто Кингс ја прекина серијата од пет последователни победи на тимот на Хјустон Рокетс, победувајќи со 132:127. Демар Дерозан постигна 31 поен во победата.
Во ова коло победа забележаа и Феникс Санс кои ги совладаа Вашингтон Визардс. Индијана Пејсерс го совлада Детроит Пистонс, додека Лос Анџелес Клиперс триумфираше над Портланд Трејл Блејзерс.
ВИДЕО: