Германската автомобилска компанија Фолксваген ја продаде својата производствена фабрика во руската Калуга и нејзините локални подружници, со што стави крај на повеќемесечните расправии со руските власти околу договорот, објави во неделата Ројтерс.
Фолксваген го продаде својот удел во Фолксваген Груп Рус ДОО на Арт-Фајнанс ДОО, која е поддржана од дилерската групација на автомобили Авилон.
Како што се наведува во соопштението на компанијата, трансакцијата вклучува производство во Калуга, структурата на увозникот се состои од дистрибутивен бизнис, како и активности за складирање и финансиски услуги со сите нејзини вработени.
Не се дадени детали за продажната цена, но извор објави дека зделката се проценува на 125 милиони евра.
Работата во фабриката во Калуга, јужно од Москва, е прекината од март 2022 година поради руската инвазија на Украина, што доведе до санкционирање на Русија од страна на западните земји, што доведе до прекин на синџирите на снабдување.
Има производствен капацитет од 225,000 возила годишно и над 4,000 вработени.