Во почетокот на март, Volkswagen на салонот во Женева ќе ја претстави претпродукциската верзија на моделот T-Roc R со високи перформанси.
Германскиот производител ја објави дизајнерската скица на T-Roc со агресивен изглед, пренесува ksp.
T-Roc R ќе дели многу компоненти со Golf R и ќе има 2.0 бензински турбо-мотор со четири цилиндри со 300 КС, поврзан со 7-брзински DSG двоен менувач, додека моќта ќе се пренесува на сите оски.
Покрај T-Roc R, VW ќе го прошири семејството на овој автомобил и во кабриолет верзијата.
Компактниот SUV модел Volkswagen моментално покажува одлични продажни резултати, од ноември 2017 година, кога се појави во салоните, каде на клиентите им беа испорачани повеќе од 200.000 возила.