Љубителите на автомобилите на Tesla веќе некое време бараат „дом на тркала“ и ова конечно доаѓа, но не директно од компанијата.
Веќе неколку години се обидува да обезбеди електрично решение за „кампинг“ автомобили, особено за оние кои живеат на пат, па моделот S на Tesla ќе стане основа на таков модел, пренесува Koha.net. Повеќето од претходните решенија немаа задоволителна моќност, па на пример, моделот Iridium E Mobile („дома на тркала“) може да помине до 200 километри со само едно полнење на батеријата додека Dethleffs само до 160 километри.
Тревис Рабенберг решил да го промени ова, а за својот модел користел возило кое има задоволувачка моќ. Тој го избра моделот S на Tesla и наскоро се очекува неговиот прототип да се појави под името Tesla Roamer.

„Новата куќа на тркала“ може да достигне максимална брзина до 240 километри на час и со само едно полнење на батеријата може да помине околу 320 километри, што е Гинисов рекорд за брзина на вакви автомобили.Коха.нет пренесува . Исто така, овој прототип авторот планира да го испрати од Велика Британија во Дубаи, каде ќе биде претставен на саемот „World Expo 2020“.
Останатите детали за овој прототип сè уште не се откриваат, додека на фотографијата може да се забележи дека задниот дел на Tesla Roamer е претворен во простор за живеење, кој може да се отвори како шатор и има инсталирани неколку соларни панели.на покривот.
-
Нов Tesla Roadster: Цена, спецификации, датум на лансирање и максимална брзина
-
Нов светски рекорд: Автомобилот на студентите достигнува брзина од 100 km/h за 1.461 секунда
-
Тесла го лансираше својот најбрз автомобил
-
Тесла модел S, претворен во погребна кола
-
„Електрична кабина“, јавниот превоз на иднината