Бројот на нови продадени автомобили во Европа опадна десетти последователен месец, бидејќи проблемите со синџирот на снабдување продолжуваат силно да влијаат на производството на автомобили, покажаа податоците од индустријата во средата.
Бројот на нови возила регистрирани во Европската унија, Велика Британија и Европската асоцијација за слободна трговија (ЕФТА) во април се намали за 20.2 отсто на годишно ниво, покажаа податоците на асоцијацијата на производители на автомобили во регионот (ACEA).
Сите четири главни пазари на Европската унија - Шпанија, Италија, Германија и Франција - придонесоа за падот, додаде ACEA.
Проблемите со синџирот на снабдување, војната во Украина и некои анти-Ковид ограничувања придонесоа за континуиран пад на продажбата на автомобили.