Peugeot 508 беше лансиран во 2011 година како наследник на семејството 407 и сега француската компанија се подготвува за наследник на ова семејство.
Новиот 508 се очекува да пристигне следната година и ќе биде ривал на новата Opel Insignia и серијата 3 на BMW.
Веста за „AutoExpress“ ја потврди директорот на Peugeot, Лоран Бланше.
Тој рече дека компанијата ќе го донесе автомобилот многу брзо и дека ќе се најде во продажба од почетокот на 2018 година.
Бланше не ги потврди деталите за новиот болид.