Mercedes-Benz оваа година ќе лансира нов концепт со најнова безбедносна технологија, а од компанијата велат дека оваа технологија ќе ја елиминира можноста за несреќи за автомобилот.
Во изјава за „Моторинг“, шефот за истражување и развој во Мерцедес, Ола Калениус, даде детали за идниот автомобил.
„Работите како автономното возење и софистицираната помош при возење овозможуваат намалување на сообраќајните незгоди. Затоа што сите сообраќајни несреќи се човечки грешки“, рече Калениус. Тој сугерираше дека некои од најновите технологии во новиот концепт на ESF се подготвени за производство и би можеле да пристигнат наскоро.
Калениус предупреди дека вештачката интелигенција ќе биде важен дел од идната безбедност во автомобилите. Според него, автомобилот ќе собира податоци и ќе ги споделува на сервер за да ги научи системите подобро да ги контролираат автомобилите. Ако нешто тргне наопаку, концептот ќе користи дополнителна технологија за заштита. Така, доколку се случи сообраќајна несреќа, според Мерцедес, луѓето во автомобилот нема да претрпат сериозни повреди.
„Ќе покажеме нешто кон средината на годината, за да покажеме како ќе изгледа иднината на безбедноста“, додаде тој. Ова би можело да пристигне на салонот во Франкфурт во септември.
Најновиот концепт на Mercedes ESF дебитираше во 2009 година.
-
Мерцедес не застанува, сака уште повеќе екрани во болидите
-
Новиот модел на Мерцедес за прв пат е шпиониран
-
Автомобилите на Mercedes-Benz ќе имаат „суперкомпјутер“, се открива партнерството со Google
-
Мерцедес планира да стави крај на несреќите во своите автомобили до 2050 година
-
Mercedes го претставува концептот на првиот електричен спортски автомобил