KOHA.net

Поддржете го TIME. Зачувајте ја вистината.
AUTO

Мерцедес ќе лансира три нови платформи за електрични автомобили во 2025 година

Мерцедес потврди дека ќе лансира три нови платформи за електрични возила во 2025 година, како дел од транзицијата на компанијата да стане целосно електричен производител.

Мерцедес, исто така, соопшти дека до 2022 година ќе има опција за електрични батерии во секој сегмент на возила и дека до 2025 година купувачите ќе имаат електрична опција за секој модел што го произведува производителот. Ова веќе започна, со EQS и S-Class, како и со моделите EQC/GLC и EQA/GLA.

За да го придвижи проектот напред, Mercedes подготви стратегија која предвидува да потроши повеќе од 40 милијарди евра за истражување и развој помеѓу 2022 и 2030 година, пишува Autoexpress.

Електричната иднина на производителот лежи во целосно редизајнирана технологија на батерии, поефикасни електрични мотори и три нови платформи, именувани MB.EA, AMG.EA и VAN.EA.