Фламур Исмајли со Audi S2 е победник на втората Drag Race за оваа година, која се одржа викендов на старата писта на аеродромот во Слатина.
Исмајли имаше одлично време и растојанието од 402 метри го помина за време од 09.709 секунди.
„Конкуренцијата беше многу силна, Лабинот Малиќи го имаше рекордот 09.03 и беше тешко да се собори тоа време. Не сум направил големи инвестиции во болидот, но фала богу се помина добро и секако дека сум задоволен. Во саботата имав дефект во автомобилот, но во текот на ноќта, со помош на моите пријатели, успеавме да го решиме проблемот и се работеше добро. Се надевам дека на следната трка ќе имам уште подобар резултат“, изјави Исмајли по победата.
Подиумот на победниците го комплетираа Лабинот Малиќ и Петри Исуф, додека за прв пат во Драг Рејс имаше и женски учесници.
Автоспортската федерација на Косово во соработка со Eurogom RT и други релевантни институции доста добро ја организираа трката.
Третата Drag Race за 2020 година се очекува да се одржи на 17 и 18 октомври.
-
Автомобил, Хабибај среќен за триумфот во „Драг Рејс II“
-
Потера со победа ја заврши последната „Драг Рејс“ за оваа година
-
Елвис Косова, натпреварувачот од Албанија победи на првата „Драг трка“ за оваа година
-
Потера продолжува да ги руши сопствените рекорди
-
Успешно се одржува втората трка од дисциплината автослалом