KOHA.net

Арбери

Вучиќ за Косово: Работите низ светот се менуваат полека, Србија ќе победи

Александар Вуиќи.

Фото: Асошиетед прес

Српскиот претседател Александар Вучиќ, во интервју за српската државна телевизија „РТС“, изјави дека во врска со Косово „Србија ќе победи, бидејќи работите низ целиот свет полека се менуваат“. 

На прашањето за наводите за „секојдневни инциденти, апсења и протерувања на Срби“, Вучиќ рече дека ова „нема крај и нема да заврши наскоро, но на крајот Србија ќе победи“. 

„Нема да ви кажам што значи ова, на крајот Србија ќе победи. Во ова сум апсолутно сигурен. Иако работите се менуваат полека, но сигурно, во светот сум убеден дека Србија ќе победи“, рече Вучиќ.