Вучиќ вели дека постои пакт меѓу Косово и Хрватска
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека постои очигледен пакт меѓу Приштина и Загреб.
„Што се однесува до Приштина и Загреб, тоа е сосема видлив пакт, од медиумски до финансиски и безбедносен. Тоа не е изненадување. Има луѓе кои мислат дека само непостоечка Србија е добра Србија. Нема Србија што им е доволно мала. И тие мислат дека сите мои претходници биле подобри. Се разбира, затоа што Србија тогаш беше мала и слаба, а веќе не е така. Кога беше објавена независноста на таканареченото Косово, едниот избега во Романија, а другиот го заврши митингот“, рекол Вучиќ, пренесува „Б92“.
Вучиќ рече и дека ќе упати прашања до меѓународната заедница, пред се до ЕУ и САД и до сите земји кои ја поддржуваат независноста на Косово, во врска со тоа што не се дозволува референдум во Србија, исто така и на Косово.
Во однос на прашањето дали очекува конструктивност од премиерот на Косово, Албин Курти, Вучиќ не сакаше да коментира.
Тој додаде дека ќе упати прашања до меѓународната заедница дали тие би реагирале на ист начин доколку Србите не учествуваат на изборите во Косово или ако изборите не се одржат на северот на Косово.
„Што ќе прават, дали ќе носат тенкови, имено оклопни возила, бидејќи немаат тенкови, на избирачките места. Не разбирам зошто сакаат да предизвикаат тензија. Наша работа е да бидеме со нашиот народ, да го заштитиме мирот и да го почитуваме нашиот Устав, многу ми е тешко што не дозволуваат ниту Вељко Одаловиќ или Петар Петковиќ да влезат на Косово и Метохија, бидејќи се однесуваат како некој што сака да предизвикува инциденти. нема да дозволи да се одржи референдум во српските заедници на Косово и Метохија“, рече Вучиќ.
изјави денеска на прес-конференција косовскиот премиер Албин Курти дека нема да се дозволи одржување на референдумот на Србија на територијата на Косово.