Српскиот претседател Александар Вучиќ, кога беше прашан за Косово во интервју за „Информер“, изјави дека денес Србија би имала причина да војува, но нагласи дека останува човек посветен на мирот.
Според него, Србија денес е многу пати посилна отколку што беше пред 15 години, нагласувајќи дека одбранбените капацитети на земјата значително се зголемиле во споредба со периодот на бомбардирањето на НАТО врз Југославија во 1999 година.
Поддржете го ВРЕМЕЗачувај ја вистината.
Професионалното новинарство е во јавен интерес. Вашата поддршка му помага да остане независно и кредибилно. Придонесете и вие. 1 евро прави разлика.
Писмо до читателот — Зошто бараме ваша поддршка Придонесете„Сега сме многу посилни и токму затоа никој нема да нè нападне, но мора да продолжиме да се зајакнуваме“, рече тој.
Вучиќ нагласи дека зајакнувањето на српската армија е резултат на економскиот раст и континуираните инвестиции во одбранбениот сектор. Според него, земјата поседува значителни количини на модерно оружје и воена опрема, додавајќи дека Србија набавила и напредно оружје од Израел, што значително ја зголемило борбената готовност.
Зборувајќи за Косово, тој рече дека тоа се вратило на преговарачката маса. Сепак, Вучиќ подвлече дека нема намера да ја води земјата во војна и дека останува посветен на мирот и развојот.
„Сега би имале со што да војуваме, но јас не сакам војна, бидејќи им ветив на граѓаните мир“, изјави тој.
Понатаму, тој посочи дека ќе ја посети Кина, која ја смета за „најважна во неговата политичка кариера“.