Ерион Велиај е потврден за мандат на чело на општина Тирана.
Велиај доби 54.69 отсто од гласовите на локалните избори во Албанија одржани во неделата. Второпласиран е Белинд Келичи од „Башке фитомје“ со 34.58 отсто од гласовите.
Келичи даде изјава за медиумите во која ги покажа „причините за неговата загуба“.
Тој рече дека тоа е најнерамноправната трка во последните 30 години.
„Резултатот од изборите на 14 мај, за жал, не ја отсликува реалноста и не е израз на слободната волја на граѓаните. На овој резултат влијаеше машина на уцени и насилство врз јавната администрација, бизнисот и граѓаните. Јавните средства се ставени на располагање и максимално искористени за да се даде денешниот резултат“, изјави Келичи, пренесува „Топ чанел“.
Социјалистичката партија во Албанија ги освои повеќето општини. Во моментов има 51 општина, додека седум победи „Башке фитомје“, а партијата МЕГА во Финик. Исто така, Социјалистичката партија има речиси сигурна победа во Малесија е Махе, а нејзиниот кандидат води и во Кукс.
-
Тирана продолжува да брои, Ерион Велиај кон победа
-
Уставниот суд ја поништи одлуката за разрешување на Велиај и го врати на функцијата градоначалник на Тирана
-
Ерион Велиај разрешен од функцијата градоначалник на Тирана
-
Локални избори: Албанија во розово
-
Рама по длабоката победа: Се чувствувам мал пред мапата полна со победи