Хирургот Далип Лимани почина во вторник, соопшти Универзитетската болничка и клиничка служба на Косово (ШСКУК).
ШКСКУК го оцени Лимани како една од најпочитуваните личности во областа на медицината и хирургијата во Косово.
„Во текот на неговата истакната кариера, тој остави неизбришлива трага во албанската и меѓународната медицина, придонесувајќи не само со своите исклучителни вештини како хирург, туку и со неговата посветеност на образованието и лидерството на новите генерации. Тој беше посветен лекар и одличен пример за хуманост. Неговата работа ќе остане драгоцено наследство за медицинската заедница и сите оние кои имаа доволно среќа да го познаваат и да работат со него. ШСКУК изразува искрено сочувство до неговото семејство, колегите и пријателите“, се наведува во соопштението.
Според најавата, погребот на професорот Далипи ќе се изврши во среда во 13 часот, на приштинските гробишта, во населбата Арберија.