Претседателот на Република Косово, Хашим Тачи, денеска ги прими акредитивните писма на новиот амбасадор на Република Италија, Никола Орландо, се соопштува преку соопштение за медиумите.
Тачи му посака добредојде на амбасадорот Орландо во Косово и му честиташе на новата должност.
„Италија за нас е стратешки партнер и сакаме уште повеќе да ја прошириме одличната соработка меѓу нашите две земји“, рече Тачи.
Амбасадорот Орландо ја изрази својата среќа што ќе продолжи да работи на продлабочување на соработката меѓу двете земји и потврди дека Италија сака Косово и целиот регион на Западен Балкан да станат дел од ЕУ.
Претседателот на Република Косово изрази благодарност за поддршката што Италија му ја дава на Косово во минатото, но и денес, и додаде дека Косово во иднина смета на поддршката на Италија на патот кон интеграцијата во НАТО и ЕУ.
-
Претседателот Тачи ги прими акредитивните писма од новиот унгарски амбасадор Јожеф Бенце
-
Амбасадорот на Швајцарија му ги предаде акредитивните писма на претседателот Тачи
-
Претседателот Тачи ги прифати акредитивните писма на новиот латвиски амбасадор
-
Италија ќе продолжи со поддршката за евроатлантската перспектива на Косово
-
Претседателот Тачи ги прими акредитивните писма од новиот амбасадор на Хрватска