Поранешните лидери на Движењето Ветевендосје (ЛВВ) ги презедоа уздите на Социјалдемократската партија (ПСД), која беше основана на 10 февруари 1990 година, пишува денеска „Коха диторе“.
На изборното собрание на оваа партија, кое се одржа во средата, за претседател е избран Шпенд Ахмети, поранешниот прв потпретседател на ЛВВ, а за негов заменик поранешниот претседател на ЛВВ, Висар Имери.
Поранешната потпретседателка на ЛВВ, Аида Дергути е избрана за генерален секретар на ПСД. Во ова Собрание ПСД го избра и Управниот совет на партијата, како и донесе одлука за повлекување од коалицијата поврзана со ПДК, ААК и Иницијативата за Косово, пред последните парламентарни избори. Изборното собрание се одржа без присуство на медиуми.
(Целиот текст прочитајте го денес во Коха Диторе)