Поранешниот командант на Генералштабот на Ослободителната војска на Косово, Силејман Селими е поканет од Канцеларијата на Специјалното обвинителство и Специјалните совети (Специјалниот суд за воени злосторства на Косово), потврдил преку писмо адвокатот на Селими, Томе Гаши. во социјалната мрежа Фејсбук.
Тој нагласи дека Селими „поканет од Специјалниот суд денеска дал изјава во Приштина“.
Од друга страна, Силејман Селими, на 25 јануари годинава, со совет формиран од Судскиот совет, беше условно ослободен од издржување казна затвор во траење од 6 години, откако помина во затвор над 5 години.
На 24 мај 2013 година, Силејман Селими беше уапсен и подоцна прогласен за виновен за кривично дело воени злосторства над цивилното население од Основниот суд во Митровица.