До околу 22:30 часот се гласаше на Клиниката за пулмологија при УЦКК, соопшти д-р Башким Гларева.
Гларева во директна врска на КТВ рече дека е загрижувачко што во овој период се попречуваат пациентите. Тој најави дека во овој случај не бил во улога на лекар, туку ја испратил мајката на лекување.
„...Вознемирувачки беше тоа што во 22 часот и 30 минути за време на терапија доаѓаа и ги вознемируваа пациентите тврдејќи дека имаме пречки и доцнења. Таму беше и косовската полиција, а до пред неколку минути се ставаа гласови во кутиите“, рече тој.
Глареца додаде дека не можеле да одат да гласаат во некои клиники на УЦКК.
КОХА побара појаснување од ЦИК за оваа ситуација и написот ќе биде ажуриран штом ќе има реакција.