Статуата на Ѓерѓ Кастриот Скендербеу ќе биде поставена во кружниот тек, во центарот на градот Улцињ, во близина на зградата на Општината.
Оваа вест за порталот Ул-инфо ја потврди градоначалникот на општина Улцињ, Лоро Нрекиќ, кој додаде дека за ова е добиена согласност од Министерството за култура.
Дури и булеварот на кој се наоѓа кружниот тек го носи името на овој албански народен херој.
Оваа година се навршуваат 550 години од смртта на Скендербег.
Слични статии