(Обновено во 13:15 часот) - Со мотото „За идентитет и достоинство“ започна протестот на Албанците во Прешева.
Албанците во долината протестираат против кршењето на нивните права од страна на Србија.
Тие бараат признавање на учебниците на албански јазик како и признавање на дипломите издадени од Косово
Ова е втор протест, по одржаниот на 12 август.
На протестот учествуваат единствениот албански пратеник во српското Собрание Шаип Камбери, градоначалникот на Прешева Ардита Синани и претседателот на Албанскиот национален совет Невзад Лутфиу.
Албанците од долината повторно протестираат, денеска маршот се одржува во Прешева
Албанците од долината ќе продолжат да протестираат против кршењето на нивните права од Србија.
По протестот одржан на 12 август во Бујаноц, денеска ќе маршираат во Прешево со мотото „За идентитет и достоинство“.
Протестот ќе започне во 13:00 часот.
Градоначалничката на Прешева Ардита Синани рече дека на овој протест ќе се бара прекин на пасивирањето на адреси на Албанците од Србија, признавање на дипломи, работни места и институции отворени за сите.
„Да маршираме за еднаквост и правда! Во август бевме во Бујаноц, во септември сме во Прешево, да докажеме дека сме едно. Нашите проблеми повеќе не можат да се одложуваат. Ништо помалку од она што го заслужуваме, никогаш повеќе, но секогаш она што го заслужуваме! За спроведување на потпишаните Договори и за исполнување на обврските на државата кон Албанците од Прешевската Котлина. За Прешева со Судот, за институции каде се застапени Албанците! Ова е за сите нас, за нашето достоинство и идентитет. Излезете и марширајте“, напиша таа на Фејсбук.
За барањата претходно зборуваше и претседателот на Албанскиот национален совет, Невзад Лутфиу.
„Бараме внимание од меѓународниот фактор, ќе ги истакнеме сите форми на дискриминација што Србија ја спроведува со години и нормално ги истакнуваме сите оние договори и обврски што Србија ги има преземено кон албанската заедница, каде што во најголем дел од Договорите беа посредувани и од меѓународниот фактор, но Србија никогаш не ги почитувала тие договори“, изјави тој.
По протестот одржан минатиот месец, во Бујаноц беа разоткриени заканувачки повици до Албанците.
Според Лутфиу, организацијата на Албанците против неправдите ги разобличува националистите.
На протестот повика и единствениот албански пратеник во српското Собрание Шаип Камбери.